извештај од самоевалуација

Врз основа на член 129,  од Законот за Основното образование

            Врз основа на член 129,  од Законот за Основното образование („Сл. Весник на РСМ“ бр. 161 од 05.08.2019 година,  Комисијата за самоевалуација на работата на ООУ ,,Димката Ангелов – Габерот“, с. Ваташа изготви:

 

 

                                                   ИЗВЕШТАЈ

ЗА ИЗВРШЕНАТА САМОЕВАЛУАЦИЈА СО ПРЕДЛОГ МЕРКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОСПИТНО ОБРАЗОВНАТА РАБОТА

           

            Во ООУ ,, Димката  Ангелов Габерот,, с. Ваташа, согласно законската обврска изготви извештај за извршената самоевалуација со предлог мерки за подобрување на квалитетот на воспитно образовната работа. По предлог на директорот Училишниот одбор донесе одлука бр. 02-139/3 од 22.04.2019г. за формирање на училишна комисија. Комисијата е составена од 5 члена во состав:

  • Фруска Стојанова ( стручен соработник – педагог)
  • Стојна Кимова ( стручен соработник – психолог)
  • Марија Петрова ( предметен наставник)
  • Јанушка Милкова ( предметен наставник)
  • Перо Пењушков ( претседател на Совет на родители)

 

            Самоевалуацијата ја спроведоа тимови од наставници вработени во училиштето распоредени по подрачја согласно Индикаторите за квалитетот на работата на училиштата. Добиените податоци послужија за подетална анализа на целокупната работа на училиштето во следните подрачја:

 

  • Наставни планови и програми
  • Постигања на учениците
  • Учење и настава
  • Поддршка на учениците
  • Училишна клима и односи во училиштето
  • Ресурси
  • Управување, раководење и креирање политика

 

            Цел на изведенатата самоевалуација е констатирање и вреднување на состојбите во училиштето кое ќе води до поттикнување на промени за подобрување на констатираната состојба. Преку извршената самоевалуација во секое подрачје се идентификувани јаките и слабите страни во училиштето и врз основа на истите се планирани активности со цел  задржување и проширување на јаките страни, како и надминување на констатираните слабости.  

Темите беа евалуирани на четири нивоа  според однапред одредените индикатори, врз основа на кои беа донесени судовите и заклучоците за тоа каде се наоѓа нашето училиште, во која насока се движи и кои се постигањата на училиштето. Како показател за тоа кон што се стреми училиштето служи резултатот од соодносот  помеѓу слабите и јаките страни.

            При спроведување на интегралната евалуација, комисијата се раководеше од концептот на самоевалуацијата - водич во работата на комисијата. Комисијата ја евалуираше работата на училиштето користејќи ги сите расположливи извори на податоци во училиштето и врз основа на истите се мереше нивото на успешност и напредок на училиштето. Според прикажаната фактичка состојба од разработените извори и добиените податоци, комисијата нивото до кое што се осовременува училиштето го оцени со ниво – добро.

            При собирањето на доказите за нивоата на квалитет се користеа следниве инструменти:

-Прашалници за наставници;

-Прашалници за ученици;

-Прашалници за родители;

-Прашалници за локална самоуправа;

-Интервју со директорот;

-Разгледување на ресурсите и потребната документација;

-Обработка на прашалниците  и анализа на податоците.

             Комисијата изврши целосна анализа  на сите подрачја на самоевалуацијата на училиштето, идентификувајќи кои се клучните јаки и слаби страни на училиштето, како и приоритетните активности кои треба да придонесат за напредок во целокупната работа во училиштето.

 

  1.       Во однос на првото клучно подрачје  Наставни планови и програми  анализата покажа дека применуваните наставни планови и програми се одобрени од МОН и БРО и целосно се реализираат од страна на наставниците и стручните соработници во училиштето.

            Наставниците како директни учесници во воспитно-образовниот процес ги реализираат наставните содржини и притоа ги прилагодуваат според потребите на учениците. Учениците со својата активност, интереси и афинитети активно учествуваат во воспитно-образовниот процес и притоа имаат можност да влијаат на начинот на реализација на одредени наставни содржини.

            Училиштето активно учествува во одбележување на значајни датуми и празници за училиштето, манифестации организирани од локалната самоуправа и пошироко. Учениците учествуваат во разни културни и спортски активности, како на пример: хепенинзи, училишни приредби, спортски натпревари, карневали, екскурзии и сл.

            Наставните планови и програми им се достапни на наставниците како организатори и реализатори на наставата. Учениците со содржините се запознаваат усно од своите одделенски и предметни наставници и писмено преку содржината на учебниците по наставните предмети. Родителите за содржините се информираат преку разговори на седници на Совет на родители, Училишен одбор, родителски средби и брошури за родители кои секој родител ги добива на почетокот на учебната година кога ученикот почнува своето образование  во прво одделение.

            Со цел осовременување на наставата наставниците редовно се вклучуваат во предавања и семинари организирани од БРО и МОН, исто така и од други акредитирани предавачи, како и од Агенцијата на САД за меѓународен развој-(USAID) во рамките на Проектот за основно образование. Во наставниот процес поголем дел од наставниците користат разни форми, методи и техники на учење со цел поквалитетен напредок на секој ученик според своите способности. За истиот потребно е доопремување на кабинетите со наставни средства и помагала и реквизити по физичко образование, спортска сала, кабинет по информатика, како и професионално усовршување на наставниците.

Наставниците водат евиденција за напредокот на учениците, истите ги оценуваат формативно и сумативно и напредокот го презентираат на индивидуалните и групни родителски средби со родителите. Овие средби се користат за  надминување на  евентуалните проблеми. Исто така од страна на стручната служба се врши следење на успехот и редовноста на учениците. Врз основа на добиените податоци се врши советување со родителите на ученици кои покажуваат намален успех (групирани во една група)  и со родителите на ученици кои не ја посетуваат редовно наставата ( во друга група). Секојдневно се работи на поактивно вклучување на родителите во животот и работата на училиштето, најмногу преку реализација на содржините од проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците,,. Сепак евидентна е недоволната заинтересираност  на поедини родители за присуство на родителски средби и соработка со училиштето.  

      Наставните планови и програми го помагаат личниот и социјалниот развој на учениците без разлика на нивната полова и етничка припадност преку реализација на содржини со тематика: раководење, соработка, договарање, самодоверба, разрешување на конфликти. Сите ученици имаат подеднаков третман.

     Во училиштето се реализира и дополнителна настава за учениците кои потешко ги совладуваат наставните содржини, додека за подобрите ученици се реализира додатна настава со помош на која тие учествуваат во разни активности од натпреварувачки карактер  и натпревари. Инклузивниот тим има програма за работа со ученици со ПОП.

     Воннаставните содржини имаат суштинско место во воспитно-образовната дејност на училиштето. Во училиштето се организираат и реализираат воннаставни активности за сите ученици без разлика на нивните интелектуални можности и способности, нивната полова и етничка структура. Секој ученик според своите желби, интереси и афинитети се одлучува и активно се вклучува во воннаставните активности. Со добра организација и реализација на воннаставните активности во целост, се овозможува успешна афирмација на учениците и училиштето во локалната средина и пошироко.

    Таму каде што има слабости во организирањето и реализацијата на наставата и учењето треба да се прави стратегија или систем за професионален развој на наставниците и нивно перманентно усовршување и надоградување.

 

 Клучни јаки страни

  • Навремено изготвување и донесување на Годишната програма за работа на училиштето со која се планира целокупната дејност на училиштето;
  • Навремено изготвување на годишни, глобални и тематски планирања на наставниците;
  • Во своите планирања наставниците имаат критериуми и стандарди за оценување, интегрирани содржини за еколошка едукација, содржини од проектот за меѓуетничка интеграција во образованието како и примена на ИКТ содржини во наставата;
  • Изготвување на тематско-процесно планирање;
  • Изготвување на дневни подготовки;
  • Водење педагошка документација и Е-дневник;
  • Активно учество на учениците во воннаставни активности;
  • Вклученост на сите ученици од различен пол и националност;
  • Тимска работа на наставниците;
  • Редовно информирање на родителите за напредокот на учениците;
  • Целосна реализација на дополнителната настава;
  • Училиштето е секогаш отворено за соработка со родителите;
  • Следење на современи текови во образованието;
  • Редовно посетување на семинари и други форми на стручно усовршување;

 

Слабости

 

  • Училиштето не располага со спортска сала за реализација на наставата по физичко и здравствено образование

-  Поради повремени прекини на  интернет конекцијата понекогаш се отежнува примената на ИКТ технологијата во наставата, како и поради амортизацијата  на компјутерите кои се користат подолго време

-   Недоволен интерес на родителите за соработка со училиштето и нередовно доаѓање на родителските средби од поедини родители (претежно на ученици кои нередовно го посетуваат училиштето и ученици кои имаат потешкотии во учењето)

      Идни активности : Приоритетни подподрачја во рамките на ова подрачје кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето:

 

  • Целосна примана на ИКТ технологија во наставата;
  • Примена на иновативни методи, форми и техники од страна на училиштето;
  • Специјализираните училници да се доопремат со наставни средства и помагала;
  • Стимулирање поголем интерес на родителите да доаѓаат на родителски средби;

 

 

  1. Во врска со подрачјето број 2 Постигања на учениците,   

            Училиштето го следи постигнувањата на учениците по сите наставни предмети, по пол и етничка припадност. Наставниците применуваат формативно и сумативно оценување. Учениците од 1 до 3 одделение се оценуваат описно, од 4 до 6 и описно и бројчано, додека од 7 до 9 се оценуваат само бројчано. Училиштето располага со податоци за постигнувањата на учениците и тие резултати се сумираат на полугодие и на крај на учебна година. Родителите се редовно информирани за постигнувањата на учениците преку родителски средби, електронски пораки , индивидуални средби, отворени денови и сл. Наставниците редовно посетуваат семинари со цел професионално усовршување.

 Следењето на постигнувањата на учениците го следат сите наставници, стручни соработници и ги промовираат постигнувањата. Просекот на учениците во 2017/18 година е 3.83, а во учебната 2018/19 година е 3,82. Во однос на полот девојчињата постигнуваат подобар успех од момчињата, а во однос на етничката припадност учениците македонци постигнуваат значително подобар успех во однос на учениците роми. За надминување на состојбата училиштето превзема повеќе мерки за подобрување на успехот на учениците роми.

            Училиштето има развиен систем и политика за идентификација и поддршка на учениците кои имаат тешкотии во учењето, како и испраќање на учениците до соодветни институции, каде можат да добијат помош од логопед, дефектолог или истото се решава со родителите.

      Учениците со ПОП во нашето училиште се примени согласно Закон за основно образование и стандардите што се изготвени во согласност со БРО. За таа цел имаме соодветна медицинска белешка во која делумно е образложена потребата на ученикот. Со учениците со ПОП работи инклузивен тим во училиштето и наставникот. Се изработува ИОП за ученикот во кој се планираат целите кои што може ученикот да ги достигне.

Во нашето училиште имаме 1 ученик кој сега 2018/19 завршува основно образование и продолжува во средно училиште. При упис во 1 одделение идентификуван е и уште еден ученик со ПОП чиј што упис беше одложуван два пати. Исто така може да се каже дека има и ученици без лекарска белешка , но со увидување од наставникот и стручните соработници имаат потешкотии во учењето. Со овие ученици се работи индивидуално со стручната служба и дополнителна настава од наставникот.

Постигнувањата на учениците е особено важен приоритет во училиштето. Се реализира и додатна и дополнителна настава со сите ученици со кои има потреба, односно ученици кои во текот на редовната настава не постигнуваат задоволувачки резултати.

             Следењето е застапено во полугодишниот и годишниот извештај. Стручната служба изготвува извештај и го следи напредокот на учениците. Имаме сознание за тоа кој ученици го продолжуваат своето образование во средно.

             При уписот на учениците во прво одделение се настојува учениците од реонот да бидат опфатени 100%, но секоја година има ученици од наш реон што се запишуваат во други училишта. За таа цел, се преземаат различни активности ( отворен ден за промовирање на училиштето, посети на семејства, изработка на рекламен спот, испраќање покани до родителите...).

      Во 2017/18 бројната состојба е 220 ученици, додека во 2018/19 е 226 ученици.

        Од досегашните извештаи на одделенските наставници во сите одделенија постојат идентификувани поедини ученици кои отсуствуваат од настава оправдано или неоправдано. Има ученици кои што доцнат на првите часови и тоа се евидентира како неоправдан изостанок.

Споредбени показатели за неоправданите изостаноци:

2017/2018 неоправдани се 23 по ученик

2018/2019 неоправдани се  31  по ученик

            Во текот на учебната 2017/18 година изречени се педагошки мерки на 38 ученици

Во текот на учебната 2018/19 година изречени се  педагошки мерки на 34 ученици.

Осипувањето на учениците е незначително.

       Бројот на ученици кои од различни причини го напуштаат нашето училиште (промена на адреса на живеење, заминување во странство и сл.)

Повторување на учениците:

Во учебната 2017/18 година 1 ученик се задржа во исто одделение поради тоа што не се појави да полага одделенски испит во августовски испитен рок.

Во учебната 2018/19 година во исто одделение се задржаа 8 ученици, од кои 4 не се пријавија и не се појавија на одделенските испити во јуни и август, 2 не се појавија во августовскиот испитен рок и 2 ученици поради нередовно посетување настава по предлог на наставникот и стручните соработници, во согласност со родител се задржаа во исто одделение.

Во нашите училиште континуирано се следат постигањата на учениците по сите наставни предмети во текот на целата учебна година.

         Постигањата на учениците бележат подобрување што е резултат на перманентната стручно усовршување на наставниците и примената на иновативните наставни форми и методи. Родителите редовно се известени за постигањета на учениците преку организирање на родителски средби и давање на евидентни листи, а во поново време преку електронскиот дневник.

 

Анализа на резултатите:

Учениците со потешкотии во учењето и надарените ученици се идентификуваат од страна на наставниците. Педагогот и психологот во училиштето на наставниците им даваат пропишани насоки за работа со деца со потешкотии.

         Во училиштето се организира дополнителна и додатна настава и СУА за чии потреби наставниците имаат изготвени програми по кои работат. Сите воннаставни активности се во функција на подобрување на постигањата на учениците и афирмирање на талентираните ученици преку учество на натпревари.

         При уписот во прво одделение се опфатени учениците од со закон пропишаната реонизација.

         Осипувањето на учениците е незначително.

         При преминувањето на учениците од едно во друго училиште се запозува постапка за уредно водење педагошка евиденција и документација и навремено доставување на информации за ученикот.

 

 

 

          Клучни јаки страни:

 

  • Училиштето располага со комплетни податоци (во пишана и електронска форма) за постигањата на учениците;
  • Успешно детектирање на ученици кои имаат потешкотии во учењето, талентираните ученици и ученици со посебни образовни потреби (секој наставник според негови критериуми или во консултација со колегите и стручната служба);
  • Училиштето ги следи постигнувањата на учениците при премин од еден во друг циклус;
  • Училиштето ја следи и почитува постапката за премин на учениците од едно во друго училиште.
  • Стручните соработници индивидуално работат со деца со потешкотии;
  • Има големо подобрување при реализација на дополнителната настава од страна на наставниците.
  • За ученици со ПОП формиран е инклузивен тим кој се стреми кон подобрување на квалификациите за работа со овие ученици. За таа цел се посетуваат обуки и семинари кои допринесуваат олеснување на работата со овие ученици.
  • Училиштето работи на 3 проекти од Еразмус преку кои нашите ученици имаа можност да се запознаат со работа на училишта во странство како и запознавање нови дугарчиња и одржување на другарството.
  • Учениците учествуваат на општински, регионални и државни натпревари, под менторство на наставници кои ги подготвуваат учениците за натпревар;

 

   Слабости:

 

  • Немање на дефектолог и други стручни лица;
  • Стара реонизација;
  • Спортската сала немаме и поради тоа не сме во можност да реализираме современа настава по ФЗО, а учениците немаат можност да се истакнат;
  • Учениците роми постигнуваат послаби резултати од останатите ученици;
  • Родителите малку се вклучуваат во домашните обврски на учениците;
  • Намален е бројот на ученици, а причина за тоа е незапазување на постојната реонизација од страна на други училишта и законската можност да запишуваат ученици од друг реон.
  • Осипување на ученици поради емиграција и имиграција на населението.
  • Одредени ученици и родители не ја сфаќаат сериозно законската обврска за редовно посетување настава во основно образование и поради тоа овие ученици најчесто покажуваат послаби резултати или не ја завршуваат учебната година.

 

 

                 III. Во однос на третото клучно подрачје Учење и настава наставните планови и програми наставниците ги реализираат со изработка на:

- Годишни глобални планирања

- Годишни тематски планирања

- Дневни планирања

Планирањата наставниците ги изработуваат самостојно и во согласност со  програмите од Бирото за развој на образованието, вклучувајќи ги и секојдневните искуства директно од наставата, консултации со советници, консултации на стручни активи, консултации со стручната служба и искуства од изминатите учебни години. Во своите планирања  наставниците имаат конкретни стандарди и критериуми за оценување на учениците, интегрирани наставни содржини за еколошка едукација и меѓуетничка интеграција, како и примена на ИКТ во наставата.Целта на сите чинители во воспитно образовниот процес е  учениците да се стекнат со трајни знаења, но тие знаења се стекнуваат со многу труд и напорна работа, како од страна на наставниците така и од страна на учениците.

            Во наставниот процес се користат разни форми, методи и техники за учење со цел поквалитетен напредок на секој ученик според неговите способности. За подобрување на истиот, потребно е доопремување на училниците со наставни средства, помагала, спортска сала за наставата по физичко и здравствено образование, како и продолжување со професионално усовршување на наставниците. Сите ученици имаат подеднаков третман од страна на наставниците. Поголем број на ученици учествуваат во разни културни и спортски активности, училишни приредби, спортски натпревари, културни манифестации и сл.

            Дел од трудовите на учениците се изложуваат во училниците или холот на училиштето. Во училиштето се изведува дополнителна настава за учениците кои потешко ги усвојуваат наставните содржини, а најдобрите ученици учествуваат во разни додатни активности од натпреварувачки карактер.

            Наставниците водат евиденција за напредокот на учениците, редовно ги оценуваат нивните постигања и на средбите со родителите  ги информираат за истите. Континуирано се работи за поактивно вклучување на родителите во животот и работата на училиштето. Сепак евидентна е недоволната заинтересираност на поедини родители за доаѓање на родителски средби.

    Приоритетни подподрачја во рамките на ова подрачје кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето:

  • Специјализираните училници да се доопремат со наставни средства и помагала,
  • Стимулирање на родителите за доаѓање на родителски средби;
  • Набавка на реквизити за наставта по ФЗО
  • Нагледни средства по физика и математика –збирки задачи, табели со координати
  • Нови лектири и енциклопедии
  • Стручно усовршување на наставниците
  • Да се обезбеди просторија за средби со родители.

 

 

 

Клучни јаки страни

- Годишни и тематски планирања по предмети и одделенија;

- Тимска работа;

- Следење на современите текови во образованието;

- Вклученост на сите ученици од различен пол и етничка припадност;

- Редовно посетување на семинари, обуки и други форми на едукација;

- Разновидност во користењето на соодветни форми и методи за подобро совладување на  наставните содржини;

-Учество на општински, регионални и државни натпревари на кои се освоени награди и постигнување на солидни резултати.

 

Слабости

- Недоволна опременост на училиштето со наставни средства;

-Недостаток на нагледни средства

-Недостаток на реквизити по ФЗО, нагледни средства по математика и физика;

-Обезбедување просторија за средба со родители;

- Отежната реализација на часовите по ФЗО во лоши временски услови поради немање спортска сала

- Недоволна заинтересираност на поедини родители за присуство на родителски средби и соработка со училиштето.

 

 

  1. Во однос на четвртото клучно подрачје Поддршка на учениците училиштето води севкупна грижа за учениците и нивните активности подеднакво за сите ученици без разлика на нивниот пол, етничка припадност и посебни образовни потреби. За учениците со посебни потреби потреби се чувствува потреба од дефектолог кој би дал придонес не само во изготвување на планирањето на наставата, туку и при реализација на воспитно- образовниот процес.

            Напредок кај учениците се забележува каде што постои соработка наставник - родител и кога има соработка со стручните соработници. Во колку има ученици со постконфликтни трауми потребно е да се воспостави професионална соработка со компетентни институции. Стручните  соработници во работата со овие ученици  ја користат методата на следење, разговор, советување и стратегија за надминување на проблемот.

            Училишната зграда се обезбедува со видео надзор, како и од страна на служба за обезбедување во ноќните часови.

            Како институција училиштето се труди во границите на можностите да реализира контактни отворени работилници, трибини, јавни предавања со соодветни стручни лица и институции.

            Известувањето за физичка или ментална злоупотреба се врши преку информативен разговор со учениците. Наставниците, стручните работници и со родителите, доколку има потреба. За таа цел се реализирани презентации од страна на стручни лица и инстритуции. Од страна на стручните соработници се спроведуваат и работилници поврзани со  проблемите на учениците.

Во училиштето се води евиденција за редовноста, поведението и развојот на учениците  и истата е достапна на родителите, учениците и наставниците.

            Училиштето добива и дава писмени известувања – преведници за учениците кои преминуваат од ова во други училишта и обратно.

            Во училиштето нема дефектолог, па со тоа е отежната работата со децата со посебни потреби.

Дел од родителите не се запознати со правилниците за награди, пофалби и педагошки мерки за учениците. Потребна е едукација на родителите за надминување на предрасудите од сите области од животот и работата на нивните деца ( зависности од пороци, деликвенција и злоупотреба).

           

Клучни јаки страни

  • Училиштето води севкупна грижа за физичкото и социјалното здравје на учениците;
  • Училиштето води грижа за емоционалните, физичките и социјалните потреби на сите ученици, како и на учениците со посебни образовни потреби;
  • Учениците добиваат помош во изборот на нивното понатамошно образование;
  • Наставниците водат евиденција за редовноста, поведението и напредикот на учениците;
  • Евиденцијата за напредувањето на учениците им е достапна на сите заинтересирани субјекти;
  • Кај родителите постои задоволство од навременото информирање за постигањата на нивните деца.

 

Слабости

  • Во училиштето нема редовно вработен дефектолог;
  • Родителите не се целосно запознати со правилниците за награди, пофалби и педагошки мерки за учениците.
  • Училиштето не е доволно прилагодено за ученици со телесни пречки во развојот;
  • Недоволна информираност и обученост на персоналот за справување со елементарни непогоди и употреба на сретства за гасење пожар
  • Програма за евакуација на училиштето;
  • Немање соодветна просторија за храна (делење и конзумирање)

                                                          

 

 

 

  1. Во однос на петтото клучно подрачје Училишна клима и односи во училиштето, според добиените повратни информации како и од нашата заедничка работа можеме да заклучиме дека во училиштето владее позитивна клима за работа.

       Тргнувајќи од визијата за училиште со современа, ефикасна и квалитетна настава вработените  вложуваат мошне голем труд за непречено одвивање на наставниот процес во една дисциплинирана и безбедна средина исполнета со взаемно почитување .

       Евидентни се успесите на учениците на разни натпревари со што успешно се промовира училиштето како на локално така и на пошироко ниво.

             Училиштето се вклучува во активности кои се организирани од страна на локалната самоуправа по повод одбележување на јубилеи, празници, манифестации  и друго.

     Училиштето е препознатливо според високиот квалитет на работа и постигањата на учениците во различни области. Училиштето води грижа за професионалниот развој на воспитно образовниот кадар кој работи на остварување на мисијата и постигнувањето на целите на визијата. Визијата и мисијата се истакнати на видно место во училиштето. Во склоп на Годишната програма за работа на училиштето има Програма за грижа за здравјето.    Поведението и дисциплината во нашето училиште претставуваат најголм приоритет на целиот наставен колектив и раководство. Поведението и изостаноците се бележат во дневниците и главните книги. Изостаноците најчесто се прават поради здраствени причини, семејни и социјални проблеми, како и од индифрентност и одбивност на наставниот час, а поретко од страв за повторување, писмени и тестирање. Со намалување на поведението се нарушува дисциплината изразена преку довикување, недолично однесување, дремливост, употреба на мобилен телефон и сл.                              Како најголем проблем во однос на поведението се еден мал дел ученици кои нередовно ја посетуваат наставата или самоволно го напуштаат училиштето. Ова најчесто е застапено кај учениците од ромска припадност. Исто така постои и чест тренд на иселување/заминување во странство. Во однос на дисциплината таа најчесто се нарушува за време на одморите, а поретко за време на наставата.

              Училиштето става голем акцент на постигнувањата на учениците. Наставниците го користат пофалувањето како начин на мотивирање.

Училиштето води политика за поттикнување на наставниот кадар и учениците да учествуваат и постигнуваат успех на натпревари. Редовно се организираат приредби по повод Нова година, Божиќ, патрониот празник и др.

             Училиштето организира работилници преку кои учениците се запознаваат со нивните права и обврски, а исто така функционира и ученичката заедница. Се организираат работилнци против насилство, оддржување пријателски односи и работилници за антикорупциска едукација и мултикултурализам и др.

     Родителите се вклучени во работата на училиштето преку Родителски средби, вклучување на членови во Совет на родители, индивудуални средби и преку членување во Училишен одбор.

 

Клучни јаки страни   

  • Соработка во училиштето и надвор од него помеѓу учениците од различен пол и етничка прпадност;
  • Училиштето има добар имиџ и е препознатливо во средината, а доказ за тоа се бројните проекти кои ги води училиштето;
  • Поведението е примерно, а резултат на тоа е соработката, дежурствата на наставниците, работата на стручната служба;

 

Слабости

  • Нередовноста на дел од учениците од ромска припадност, која се должи најчесто на непочитување и непознавање на законската обврска за редовно посетување настава. Во овие ученици спаѓаат и ученици од  социоемоционални нарушени семејни односи.
  • Неможноста за навремено изрекување педагошки мерки кај учченици кои самоволно го напуштаат училиштето;
  • Нередовноста на некои родители на родителски средби и советувања. Ова се должи на несериозното сфаќање на придобивките од овие средби.

 

 

  1. Во однос на шестото подрачје Ресурси  добиени се податоци дека

ОOУ „Димката А. Габерот“ с. Ваташа располага со вкупен простор од 2800 м2 од кои внатрешен простор 1300 м2 и дворна површина од 1500 м2. Во внатрешниот простор на училиштето спаѓаат следните простории: 19 училници, библиотека, кујна, канцеларии ( за наставници, на училишен педагог и психолог, на директор, на секретар), соба за технички персонал, работилница за хаусмајстор и други помошни простории и санитарни јазли. Училиштето има 4 санитарни јазли од кои: 3 се за ученици и еден за наставниците. Состојбата е задоволителна, но пожелно е да се подобри.

Училишниот двор е со површина од 1500м2 и истиот е ограден со метална ограда. Во рамките на училишниот двор има и мал зелен парк, уреден со декоративни елементи, а во него се наоѓа и споменикот на нашиот патрон и еден летниковец кој служи за одмор на учениците, родителите и други граѓани од локалната средина.

Пред влезот се наоѓа спортски терен кој е опремен со две стативи и два коша. Истиот се користи и како училишен двор и спортски терен и соодветно е осветлен.

Има потреба од изградба на фискултурна сала, во која ќе се одржуваат часовите по физичко и здравствено образование, кога временските услови не дозволуваат часовите да се одржуваат надвор.

Просторот наменет за чување на огревните дрва не е покриен, па затоа истите во текот на зимските месеци се под вода и снег.

Сите капацитети во училиштето се оптимално искористени од сите членови на училиштето.

Училиштето има стручна литература и истата редовно се дополнува за потребите на наставничкиот кадар.

Од наставни средства и технички помагала училиштето располага со: 16 куќишта, 61 тастатура, 67 монитори, 68 глувче, 64 тин клиенти, 2 LCD проектори, 2 LCD платна, 3 фотокопири, 4 принтери, 60 лап-топ за учениците, 7 радио касетофони, 7 телевизори, 3 DVD, 4 микроскопи, епрувети, ваги, скелет, 3 синтисајзери, 1 телескоп, 2 велосипеди, 16 мандолини, 2 гитари, звучник со микрофон, географски карти, 3 глобуси и др...

Во училиштето има училишна библиотека со вкупен фонд од 7742 книги.  Фондот на лектирни изданија во библиотеката се зголеми за 413.

Потрошниот материјал ги задоволува потребите на училиштето. Средства за нив се набавуваат од сметката за тековни трошоци на училиштето, а за тестови -  од учениците.

            Поголем дел од наставните средства и помагала се застарени, а при набавката на потребниот потрошен материјал училиштето се соочува со финансиски потешкотии. Средствата за нив се обезбедуваат од сметката за тековни трошоци на училиштето.

Прозорците, осветлувањето и подот се реновирани и овозможуваат добри услови за работа. Училиштето не располага со фискултурна сала за изведување настава по физичко и здраствено образование и воннаставни активности.

 Присутноста на персоналот е редовна, а отсуствата се од оправдани причини.  Во училиштето вкупно вработени се 40 лица од кои 10 мажи и 30 жени. Сите вработени се со соодветни квалификации на нивното работно место. Работата на наставниците се оценува преку следење на нивната работа со посета на стручната служба (педагог, психолог, директор) и со посета на наставници на БРО на час. При вработувањето, на наставниците-приправници им се одредува наставник-ментор од редот на постарите наставници кој ќе ја следи неговата работа и ќе му помага со стручни совети. Менторот го одредува Наставничкиот совет, а потоа тој дава мислење за работата на приправникот. Истиот му помага при подготовка за полагање на стручниот испит.

             Во училиштето редовно се изготвува финансиски план од страна на книговодителот, а со предлог и одобрение на директорот. Исто така на крајот од учебната година се прави финансиски извештај за изминатата буџетска година која дава преглед за приходите и расходите на училиштето. Финансиското работење го контролира Училишен одбор.

                                                                                                                

Идни активности и приоритети:

-Изградба на фискултурна сала по сите стандарди;

-Редовно дополнување со наставни средства и помагала;

-Дополнување на училишната библиотека со лектирни изданија;

 

Клучни јаки страни:

  -Реновирано училиште со просторни училници;

  -Работење во една смена;

  - Вработениот персонал е со соодветни квалификации;

  - Редовна присутност на персоналот;

  - Училишните наставни средства и помагала постојано се надополнуваат;

   -Расположливиот фонд на книги во училишната библиотека задоволува;

  -Наставниците користат современи методи за работа, применуваат ИКТ при реализација на наставата;

  -Наставниците – приправници добиваат поддршка од менторот, стручната служба и останатите наставници.

 

Слабости:

-Училиштето нема фискултурна сала за реализација на наставата по физичко и здравствено образование.

 

 

 VII  Во однос на седмо клучно подрачје Управување, раководење  и креирање политика добиени се следниве податоци:

       Орган на раководење во училиштето е директорот. Оваа функција ја врши г-дин Марјанчо Јанкулов дипломиран учител. Орган на управување е Училишниот одбор. Тој е составен од 9 члена: 3 претставници од Наставнички совет, 3 претставници од Советот на родители, 2 од Локалната самоуправа и 1 член делегиран од МОН. Бидејќи во нашето училиште има ученици од ромска припадност, во Училишниот Одбор потребен е член од ромска националност.       Раководниот тим е добро запознат со своите права и надлежности. Со тимска работа и размена на идеи раководниот тим  учествува во анализа на работата на училиштето и донесување на соодветни одлуки и решенија. За својата работа раководството редовно  известува преку седници на :

 Одделенски совет, Наставнички совет, Училишен одбор, Совет на родители, како и на  родителски средби, преку извештаи и  информирање преку јавните гласила. Ова придонесува за многу позитивно мислење кај родителите кои сметаат дека училиштето е отворено за соработка со нив. Постои добра соработка меѓу раководството и наставниот кадар и тоа е добра основа за успешна работа на училиштето. Наставниците се редовно информирани за одлуките во училиштето и учествуваат во креирањето на училишната политика под мотото: Секое дете може да биде добар ученик.

  За креирање на успешна политика училиштето гради партнерски однос со сите субјекти релевантни за животот и работата на училиштето. На состаноците на Наставнички и Одделенски совет се анализира работата и резултатите на наставниците и учениците при што се лоцираат евентуалните проблеми и потешкотии. Утврдувањето на истите помага во планирањето на следните активности во насока подобрување на работата на наставниците и учениците.

  На состаноците на УО сите членови се активно вклучени во донесувањето одлуки за афирмација на училиштето, пред се преку учество на нашите ученици на ученичките натпревари под менторство на наставниците по сите наставни предмети. Иако досегашните резултати задоволуваат, потребно е уште поголемо ангажирање како на наставниците, така и на учениците почнувајќи уште од почетокот на учебната година за успешно претставување на училиштето, навремено известување за ученичките натпревари и посериозна припрема на учениците, се со цел за постигнување на уште подобри резултати од досегашните. Соработката со Советот на родители, МОН, БРО, Локална самоуправа и други субјекти од локална средина исто така квалитетно придонесува во креирање на училишната политика.

 

           Клучни јаки страни:

  • Училишен одбор во полн состав кој редовно ги извршува своите обврски, чии членови имаат добра соработка и разбирање.
  • Конструктивна соработка помеѓу раководството и наставниот кадар.
  • Редовно информирање за одлуките во училиштето.
  • Добра соработка помеѓу училиштето и родителите.
  • Постои добра соработка помеѓу училиштето и локалната самоуправа.
  • Постои развоен план за работа на училиштето.
  • Училиштето е отворено за соработка со родителите.    

 

 

Слабости:

- Непочитување на реонизацијата при упис на деца во прво одделение

 

Идни активности: Приоритетни подподрачја (оддели) во рамките на ова подрачје кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето:

 

  • Рангирање на училиштето со добивање на нови проекти и подобрување на условите за работа во училиштето (компјутери и ИТ технологија)

 

 

 

 

         ПРЕДЛОГ МЕРКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА НАСТАВАТА

 

 

            Врз основа на констатираните слаби страни од извршената целосна самоевалуација на училиштето за учебите 2017/2018 и 2018/2019 година,  со цел подобрување на квалитетот на наставата, училиштето ќе ги преземе следните активности:

  • Непречена примена на ИКТ технологијата во наставата преку достапен интернет во секое време:
  • Примена на иновативни форми, методи и техники на учење од страна на сите наставници;
  • Училници да се доопремат со современи наставни средства и помагала;
  • Стимулирање поголем интерес кај родителите за присуство на родителски средби;
  • Опремување на училиштето со наставни средства и помагала;
  • Подобрување на успехот на учениците;
  • Задржување и подобрување на успехот на учениците при преминот од петто во шесто одделение и во наредните одделенија;
  • Подобрување на информираноста на родителите со Правилниците за награди, пофалби и педагошки мерки за учениците;
  • Советување на родителите за поголема вклученост во извршувањето на домашните задачи и активности на учениците;
  • Поголемо експонирање на целокупните ресурси на училиштето пред родителите и учениците со цел да  се  спречи осипувањето  на ученици;
  • Училниците да се доопремат со современи наставни средства и помагала;
  • Набавка на реквизити за наставата по физичко и здравствено образование;
  • Изградба на спортска сала по сите стандарди;
  • Стручно и професионално усовршување на наставниците (обука за работа со деца со посебни потреби, ИКТ обуки , обуки за современи наставни техники;
  • Едукација на родителите за надминување на предрасудите во сите области заради поефикасна соработка со наставниците во решавање на проблемите на нивните деца;
  • Градење систем за навремено откривање на појави поврзани со болестите на зависност и физички или ментални злоупотреби на учениците и градење стратегија на превентивно делување;
    • Унапредување на соработката со родителите на учениците кои покажуваат неправилно однесување;
    • Едукација на родителите на учениците од ромска популација, кај кои се поизразено е нередовното посетување на наставата ( поради зачестената појава на престој во странство);
  •  Набавување на потребните лектирни изданија и стручна литература;

 

 

 

                                                                                                           

                                                                       Членови на комисијата:

 

                                                                    Фруска Стојанова---------------------

                                                                    Стојна Кимова--------------------------

                                                                    Марија Петрова------------------------

                                                                    Јанушка Милкова-----------------------

                                                                    Перо Пењушков------------------------