понеделник - петок - 07:30 - 17:00 часот

активности - настани

активности - настани во ООУ Д.А. Габерот - Ваташа

Втора Еразмус+ обука во рамките на проектот

Разни методи кон една цел – Успешно Инклузивно Образование!

Various methods towards one goal – Successful Inclusive Education!

Во периодот од 11. до 15. март 2019 год. 4 наставници од ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа присуствуваа  на втората обука од Еразмус+ проектот Various methods towards one goal – Successful Inclusive Education! која се реализираше во Синеу, Мајорка, Шпанија, со партнер училиштата на нашето училиште од Полска, Италија, Шпанија, Грција и Финска, вклучени во имплементацијата на проектот. На оваа работилница од нашето училиште присуствуваа Марјанчо Јанкулов, Директор, Ѓурѓица Косовска, наставник – координатор на проектот, Јанушка Милкова, наставник по македонски јазик, Даниела Мојсов – наставник по англиски јазик.

Тема на втората обука од Еразмус+ проектот беше „Уметничко размислување“ - “Art thinking”.

На обуката се потенцира уметничкото размислување кое ја вклучува уметноста со својата вештина да го трансформира образованието. Уметничкото размислување беше елаборирано како методологија за креативно знаење базирано на аудиовизуелната и современата уметност. На наставниците им беа претставени и разработени методите на вклучување на креативните и критичките вештини за поуспешно инклузивно образование. Инклузивното образование има потреба од вклучување на уметноста, со цел да се развијат повеќе компетенции на учениците. Всушност на обуката беа претставени 4 принципи на уметничкото размислување: 1. Вештини за креативно и критичко размислување; 2.Вештини за емоционален развој; 3. Стекнување на ново знаење; и 4.Емпатија.

Внесувањето на ваквата методологија во наставниот процес ќе им овозможи на учениците да работат на заеднички активности развивајќи вештини на креативно и критичко размислување, да пренесуваат меѓусебно знаење и прошируваат сопствено знаење, да развиваат емпатија со што овозможуваат инклузија за сите учесници во активностите и да развиваат и практикуваат современи пристапи за социо-емоционален развој.

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Д.А.Габерот - Ваташа

Димката Ангелов - Габерот од Ваташа е основно осумгодишно училиште на подрачјето на општина Кавадарци во село Ваташа.

работно време

Училиштето е отворено за настава и контакт секој ден од понеделник до петок

од 07.30 до 17.30 часот

контакт

каде се наоѓаме

адреса
ул.Страшо Пинџур бр.186 - Ваташа
контакт телефони
043/416-543
043/416-543