Разни методи кон една цел – Успешно Инклузивно Образование!
Various methods towards one goal – Successful Inclusive Education!
Во периодот од 20. до 24. мај 2019 год. наставници од Еразмус+ партнер училиштата на нашето училиште од Полска, Италија, Шпанија, Грција и Финска, вклучени во имплементацијата на Еразмус+ проектот Various methods towards one goal – Successful Inclusive Education! присуствуваа на третата обука која се реализираше во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа. Обуката беше подржана од Марјанчо Јанкулов, Директор на училиштето и Ѓурѓица Косовска, Координатор на Еразмус+ проектот во училиштето. На обуката учествуваа наставници од сите 6 партнерски училишта на проектот, вклучувајќи го и нашето.
Тема на третата обука од Еразмус+ проектот беше „Дигитални алатки во формативното оценување“ - “Digital tools in formative assesment”.
Целите на оваа обука беа употребата на ИКТ алатките кои се користат во поучувачкиот и образовниот процес, особено во формативното оценување. Во текот на обуката беа елаборирани бенефитите од употребата на ИКТ алатките во образовниот процес, придонесувајќи за позитивно расположение, појака концентрација, подобрена меморија, зголемени социјални и комуникациски вештини, подобрени вештини за работа во тимови, подобрени вештини за критичко размислување, овозможување на позитивна училишна околина.
За време на обуката наставниците го продлабочија своето знаење за едукативните ИКТ алатки кои овозможуваат да се развива знаењето кај учениците на ефективен начин, да се практикува повеќе работа во тимови, да се користат одредени уреди, програми, апликации за осовременување на образовниот процес, со што се пристапува кон модерно образование на 21 век.
Наставниците имаа можност да ја увидат потребата од употреба на дигиталните алатки во образовниот процес, но истовремено и потребата за внесување на истите во оценувањето. Преку внесување на дигиталните алатки во образовниот процес се зголемува интересот на учениците за учење, го одржува вниманието на учениците подолго, овозможува учениците да го одредуваат својот образовен развој. Внесувањето на дигиталните алатки во формативното оценување овозможува непосредна информација за напредокот на знаењето на учениците и повратна информација на формативното оценување.
Бенефитот на дигиталното формативно оценување е во тоа што овој тип на формативно оценување овозможува постојана и непосредна комуникација помеѓу наставникот и учениците, приложувајќи го развојот на учениците и водејќи ги учениците кон успешна цел.
ој.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |