Во периодот од 14. до 20. октомври 2019 год. две наставнички и 4 ученика од ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа присуствуваа на третата обука од Еразмус+ проектот „Поттикнување на претприемачките вештини“ („Boosting Entrepreneurial skills“)
која се реализираше во Бакау, Романија, со партнерските училишта на нашето училиште од Шпанија, Турција, Романија и Бугарија, вклучени во имплементацијата на проектот. На оваа работилница од нашето училиште присуствуваа Ѓурѓица Косовска, наставник – координатор на проектот, Надица Стрезоска, наставник по одделенска настава и учениците Кристина Јанакиева, Златица Шаткова – ученици во деветто одделение, Димитар Димов, Слободан Костов – ученици во седмо одделение.
Тема на третата обука од Еразмус+ проектот беше „Идеи за старт-ап низ Европа“ - “Start-up ideas from around Europe”. Во текот на обуката учениците креираа форум преку кој ги споделија своите претприемачки идеи за основање на стартап во своите региони, разговарајќи за регионалните потенцијали, одржливоста на стартапот и достапноста на ресурси и вештини. Учениците работеа во интернационални тимови, вежбајќи ги вештините на познавање на англиски јазик и зголемувајќи ги комуникациските вештини потребни за решавање на теми и идеи од претприемачката област. Со ова, учениците се здобија со нови пријатели преку кои надминаа одредени препреки во јазиците и културите и полесно се интегрираа во Европското општество.
Меѓу другото, учениците учеа за економската ситуација во земјите на партнерските училишта, преку дирекни средби во мали и големи бизнис претпријатија се запознаа со локални претприемачи и дознаа за нивните успешни приказни од самиот почеток на претприемачката практика до сегашната успешна претрпиемачка практика.
Исто така, учениците и наставниците се запознаа со образовниот систем на Романија, со животниот стил и обичаи на Романците.
За време на обуката, учениците имаа можност да ги презентираат своите претходно изработени презентации за Македонија, за нашето училиште и да изработуваат свои изработки дирекно за време на проектните активности во училиштето-домаќин на оваа обука.
Повеќе фотографии може да се погледнат на следниот линк:
https://boostingentrepreneurialskillserasmusplus.com/photo-albums
![]() |
![]() |
![]() |